Денес продолжи судското рочиште за предметот на СЈО наречен „Траекторија“, случај во кој е опфатена изведбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид .
-Го прочитав и разбрав обвинението, но не сфатив за што сум обвинет. Кривичното дело наведено во обвинението не сум го сторил, изјави на денешното судење за случајот „Траекторија“ поранешниот премиер, Никола Груевски.
И другите обвинети се произнесоа дека не се чуствуваат виновни.
ВМРО-ДПМНЕ многу пати досега во јавноста излезе со став дека станува збор за апсурден случај чија цел е политички прогон на поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ по нарачка на власта. Имено автопатиштата се градени со екстра ниски кредити од кинеската државна банка со само 2% камата, во услови кога други банки за слични цели давале над 8% камата. Додека целокупната постапка е изведена врз основа на закон во Собранието кој го истовремено го изгласаа и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и СДСМ.
Според партијата, предметот почива на неколку конструкции. Првата конструкција на овој предмет е дека не е испочитуван Законот за јавни набавки. Имено при изградбата на овој автопат Законот за јавни набавки не игра важна улога, бидејќи Собранието на Република Македонија во 2013 година донело посебен закон за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци – Штип и патната делница Кичево – Охрид, врз основа на законот за ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на НР Кина. Овој закон е специјален Закон и ја исклучува примената на генералниот закон.
Втора конструкција на која почива политичкото обвиние е дека е напревена наводна штета од 155 милиони евра, што е неточно, бидејќи штета во конкрекретниот случај не постои, а се работи за капитален проект изградба на автопати, кои претходната власт ги донесе до напредна фаза на реализација и ќе бидат од општа полза за граѓаните.
Трета конструкција која им се сервира на граѓаните е дека тогашната власт преговарала со само една компанија, што повторно не е точно. Имено склучени се меморандуми со две компании и тоа: China International Water and Electric Corpоration (CWE) и Sinohydro Corporation Limited. Двете компании доставиле свои понуди и во 2013-та година е одбрана најниската понуда, односно Sinohydro Corporation Limited. Со надавањето на кинеските фирми дополнително се извршила заштеда на средства.