Груевски задоцни во судница, уште еден обвинет призна вина

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обвинет во случајот „Шамари во Центар“, задоцни на денешното рочиште, на што реагираше обвинителката Фатиме Фетаи.

Денешното доцнење од 17 минути на еден од обвинетите, и доцнењето од 19.35 минути првообвинетиот Никола Груевски укажува дека немаат елементарна почит кон судот, обвинителството и сите странки во постапката, рече Фетаи.

На денешното рочиште во судот првообвинетиот во случајот „Шамарите во Центар“, Јордан Ристевски, призна вина.

По минатото рочиште откако ги разгледав делата за кои сум обвинет, сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење – рече Ристевски.

Eден од адвокатите на обвинетите, денеска беше отсутен. Рочиштето се одложи за 7 декември.