Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со неговата сопруга Боркица, денеска го оствари своето право на глас.
„Пред малку го остварив моето гласачко право. Задоволен сум од тоа што досега, еве до 15 часот, изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера, нема никакви посериозни нарушувања на изборниот циклус. Се надевам дека така ќе остане и до крајот на денот и дека граѓаните ќе си го кажат своето мислење, ќе гласаат за тој што сметаат дека е подобар за Република Македонија за наредните пет години да биде претседател на државата“, рече Груевски.