![10175019_610805092328871_5553032183025916359_n](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/10175019_610805092328871_5553032183025916359_n-e1397628244480.jpg?resize=640%2C389&ssl=1)
Луѓето во оваа кампања препознаа една сериозна неискреност кај Зоран Заев и кај Шекеринска и кај другите, истакна премиерот Никола Груевски на вечерашниот митинг кој ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржа во Гевгелија.
„Го гледав како еден ден на некој јавен настап го величеше Бранко Црвенковски и неговото дело во минатото, или недело, кажуваше како приватизацијата била најсиправно направена, дека така требало, дека и тој да бил така ќе постапел, а утредента вика ние се променивме гласајте за нас, ние не сме истите со тие што беа претходно“, посочи Груевски.
Тој додаде дека токму тука е таа неискреност, бидејќи Заев се обидувал да ми се допадне и на Бранко Црвенковски и на граѓаните, но како што рече Груевски граѓаните тоа го препознале и изборниот резултат е одраз на нивното мислење.