Горан Грујевски, екс началникот на Петтата управа е осуден на затворска казна во траење од една година и 6 месеци. Пет од останатите обвинети вработени во УБК добија условно една година затвор, а шестата обвинета од УБК, пак, доби условно девет месеци затвор.
Грујевски беше главниот осомничен во предметот „Тврдина 2“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.Предметот се однесува на прикривање докази за нелегалното прислушување односно унiштување на 2.047 службени списи, од кои 22 биле поврзани со прислушувањето, а неколку од документи биле доверливи.