Група Албанци синоќа нападнала српски средношколци во Венеција

Учениците биле пресретнати пред хотелот во кој биле сместени, во инцидентот се повредени неколку ученици. На еден од нив со скршено шише му е исечена главата, на ученичка и се повредени ребрата…

Група Албанци синоќа нападнале српски ученици кои се на екскурзија во Венеција, пренесува „Новости“.

Според неофицијални информации, станува збор за ученици на Стоматолошката школа во Белград.

Група Албанци ги пресретнала учениците кога тие оделе кон плажата пред хотелот.

Мајката на еден од учениците изјавила дека има и потешко повредени.

-Сите сме револтирани“, вели мајката на еден ученик.

Едно момче е исечено по главата со стаклено шише . Една ученичка најверојатно има скршено ребро.