Група демонстранти во Лувр фрлија супа врз Мона Лиза, светското уметничко дело

Француски климатски активисти утринава се снимени како фрлаат супа врз Мона Лиза, ремек-делото на Леонардо да Винчи кое е изложено во музејот Лувр, Париз, пишува „Дејли мејл“.

Сликата на Леонардо да Винчи од 16 век е едно од најпознатите уметнички дела во светот и со оглед на тоа што е заштитено со стакло отпорно на куршуми, најверојатно нема да биде оштетено.

Активистите ја оправдаа својата акција со желба да го промовираат „правото на здрава и одржлива храна“, пренесува BFM TV.

Музејот Лувр ја активираше кризната единица, просторијата во која се наоѓа „Мона Лиза“ и таа е веднаш евакуирана и е во тек чистењето.

Еколошките активисти го претставија фрлањето супа на „Мона Лиза“ како „почеток на кампањата на граѓански отпор, која носи јасно барање, корисно за сите: социјално осигурување за одржлива храна“.

Најпознатата слика во светот, која се наоѓа зад заштитно стакло од 2005 година, веќе неколку пати беше мета на активистите. На крајот на мај 2022 година, активист фрли кон неа палачинка.