Група граѓани ја помина ноќта во шатори на улица во центарот на Белград

Група граѓани, кои од вчера го блокираа центарот на Белград, ноќта ја минаа на крстосницата од улиците Кнез Милош и Бирчанинова.

На крстосницата поставија шатори, донесоа звучници, ќебиња, монтажни маси и на тој начин го прекинаа сообраќајот, спречувајќи ги граѓаните на Белград да се движат по една од најфреквентните сообраќајници.

Тие се на улица од вчера напладне, кога се собраа пред зградата на Министерството за државна управа и локална самоуправа, каде го повторија барањето за отворање на избирачките списоци.

Сообраќајната блокада почна во петокот напладне, а треба да трае до денеска напладне кога, како што е најавено, студентите ќе се приклучат на протестот на иницијативата „ПроГлас“.

Граѓаните што протестираат бараат да се отворат избирачките списоци, поради сомнеж дека на нив се запишани гласачи за изборите одржани на 17 декември, кои биле запишани на адреси каде што не живеат.

Претставникот на коалицијата „Србија против насилството“ тврди дека исходот од парламентарните и општинските избори на 17 декември бил наместен. На 18 декември опозицијата започна серија протести пред зградата на Изборната комисија: На 24 декември се обидоа да упаднат во зградата на градската управа. Полицијата ги спречи и приведе 38 лица. Српскиот претседател Александар Вучиќ го нарече насилствата на демонстрантите како напад врз суверенитетот на Србија.

Изборната комисија на земјата одлучи да одржи нови избори во 28 избирачки места на 30 декември. Блокот Србија против насилството соопшти дека одбива да учествува. Опозицијата, исто така, соопшти дека планира да одржи голем протест во Белград на денот на реизборот.