Група од 58 земји членки на Обединетите нации, предводени од Швајцарија, синоќа во заедничко писмо изразија силна поддршка на францускиот предлог на сириските власти да им се суди пред Меѓународниот кривичен суд – пренесуваат медиумите.
Пол Сегер , швајцарскиот амбасадор во ОН, Во писмото во име на групата го повика Советот за безбедност на Светската организација да ја усвои француската предлог-резолуција, со што „би се испратила силна порака за политичка поддршка“.
„ОН, Советот за безбедност и сите членки би требало да бидат единствени во дејствување за правда и барањето одговорност за жртвите во конфликтот во Сирија“ – наведе Сегер.
САД го поддржаа францускиот предлог, но не го потпишаа писмото, изјавија дипломатски претставници и додадоа дека Кина и Русија, кои се блиски сојузници на Сирија, веројатно ќе стават вето на таквата иницијатива во текот на гласањето, кое треба се одржи в четврток.
Во судирите во Сирија досега раселени се речиси половина од жителите се убиени, а 150 илјади лица.