Група преживеани од масовно труење го заземаа мадридски Прадо и се закануваат со самоубиство

Групата луѓе коишто го преживеале масовното труење со масло од маслодајна репка пред 40 години, во вторникот извести дека го заземала познатиот мадридски музеј Прадо и дека, доколку владата не ги исполни нивните барања, деќе ќе изврпат самоу убиство во рок од неколку часови.

„Шест часови од влегувањето во оваа просторија ќе започнеме да земаме апчиња“, објавија на Twitter претпладнето жртвите на случајот кој во 1981 година погоди околу илјада луѓе.

Во нивното соопштение од левичарскиот премиер Педро Санчез се бара да интервенира за да им се помогне на жртвите од еден од најголемите светски скандали поврзани со труење со храна.

Илјадници Шпанци се разболеа од разни болести на белите дробови кои лекарите подоцна ги поврзаа со консумирање на преработено масло од малсодајна репка. Илјадници други доживотно патеа од бројни здравствени последици.

Портпаролот на музејот и уметничката галерија Прадо не бил достапен за коментар.

Медиумската мрежа Cadena SER објави прилог и снимка на петмина демонстранти, од кои еден во инвалидска количка пред познатото платно на Диего Веласкез под наслов „Las Meninas“ (Мали дворски дами).