Поголема група лица на улицата „Косовска“ во Штип ги нападнале Ѓ.Д.(19), М.Д.(17), М.М.(39) и М.Ј.(35), удирајќи ги со метални и дрвени предмети по телата и главите.
На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Штип каде им се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.