Групацијата „Lufthansa“ укинува 400 работни места во управата

Германската возудхопловна групација „Lufthansa“ планира да укине една петтина од нејзините главни работни места во администрацијата на брендовите за да се подготви за очекуваните послаби деловни резултати, објави деловното списание Manager Magazin.

Одборот на директори на групацијата одлучил да укине околу 400 работни места во „Lufthansa Airways“, според извештајот објавен во четвртокот.

„Lufthansa Airways“ го затвори периодот од јануари до септември со прилагодена добивка пред каматите, даноците, депрецијацијата и амортизацијата од 552 милиони евра. Во истиот период лани таа изнесуваше 1,36 милијарди евра.

За целата година целта е позитивна нула, додека другите членки на групацијата „Lufthansa Airways“, вклучувајќи ги SWISS, „Brussels Airlines“, „Austrian Airlines“ и „Eurowings“, би требалот да работат во позитива.

Менаџментот започна програма за штедење во „Lufthansa Airways“ , истакнувајќи во август дека „позитивната нула“ за водечкиот бренд е „сè поголем предизвик“. Заштедите треба да обезбедат зголемување на оперативната добивка за 2,5 милијарди евра до 2028 година.

Менаџментот планира и заштеди при набавките и најавува зголемен фокус на деловните патници, чиј број и понатаму е за 40 отсто зад нивото пред пандемијата, наведува Manager Magazin.

Работата на околу 400 контролори на летање во Франкфурт и Минхен може да биде „подобрена“ во иднина со употреба на вештачка интелигенција, а во план се и промени во системите за планирање на екипажот, се вели во извештајот.

Од „Lufthansa Airways“ веднаш не го коментирале написот на барање на dpa.