На 1-ви јули 2016-та година Агенцијата за оценување на бонитет Стандард енд Пурс Глобал Рејтинг (во продолжение S&PGR) го подигна долгорочниот кредитен рејтинг, како и рејтингот за финансиска моќ на Заваровалница Триглав и на нејзината подружница Позаваровалница Триглав РЕ, а со тоа и на Групација Триглав од “А-” на “А”. Обете бонитетни оценки имаат стабилна среднорочна прогноза.
S&PGR го подобри профилот на деловен ризик на Групацијата Триглав и го процени како силен првенствено како резултат на подобрените услови на словенечкиот осигурителен пазар, коишто пак се должат на намалениот ризик на земјата. Благодарение на инвестицискотопортфолио на групацијата иособенопоради неговата диверсификација, на профилот на финансиски ризик на групацијата му беше доделен повисок рејтинг и истиот беше оценет како исклучително силен. Дополнително, во својот извештај S&PGR нагласи дека групацијата има обезбедено сеопфатна реосигурителна заштита.
Кредитниот рејтинг„A“ го рефлектира единствено самостојниот кредитен профил на Групацијата Триглав и не е последица од статусот на осигурителот како ентитет поврзан со државата. Воедно S&PGR нагласи дека Групацијата успешно го поминува хипотетичкиот тест на изложеност на ризик на земјата. Тоа значи дека во случај на остварување на тој ризик, бонитетната оценка на Групацијата Триглав би можела да биде повисока од бонитетната оценка на Република Словенија.
Стабилната среднорочна прогноза ги одразува очекувањата на S&PGR дека Групацијата Триглав и во иднина успешно ќе ја спроведува планираната стратегија и ќе го зачува исклучително високото ниво на адекватноста на капитал и профитабилноста во следните две години.