Руската паравоена групација „Вагнер“ е уништена, оцени украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников во разговорот објавен во петокот по, како што се наведува, наводната смрт на нејзиниот шеф Евгениј Пригожин.
„Искрено зборувајќи, групата на ‘Вагнер“ повеќе не постои како сериозна единици, каква што беше пред една година. Уништени се“, оценува Резников во разговор за германскиот неделник Welt am Sonntag кој ќе биде објавен во недела/
Според украинскиот министер за одбрана, „наводното“ заминување на Пригожин го „ослабило“ рускиот претседател Владимир Путин.
„Тоа на светот му покажува дека на Путин повеќе не може да му се верува, доколку со некој склучил договор., а потоа го прекршил“, додава Резников во исечок од разговорот објавен во најавата.
По наводното загинување на Пригожин во авионската несреќа во средата вечерта крај Москва, при што се споменува на случајот од 2019 година кога беше објавено дека авиони со шефот на „Вагнер“ се урнал во Африка а по четири дена беше објавено дека тој не настрадал. Покрај тоа во изјавите на западните челници постојано се инсинуира дека зад падот на авионот на летот од Москва кон Санкт Петербург наводно стои рускиот државен врв, но во петокот Кремљ таквите изјави ги нарече „чисти лаги“.
Путин во врска со еднодневниот бунт кој го покрена Пригожин, сограѓанин од Санкт Петербург со кој беше близок од раните 1990-те години, и неговата паравојска „Вагнер“ на 24-ти јуни, рече дека тоа е предавство на државата.
Пригожин се откажа од бунтот, за кој тврдеше дека е насочен против министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, беше постигнат договор за запирање на кривичниот прогон на бунтовниците, со тоа што дел од борците на „Вагнер“ се дислоцираа во Белорусија, а таму требаше да замине и Пригожин. Меѓутоа, тој беше гледан во Русија а се појави и на руско-африканскиот самит минатиот месец во Санкт Петербург на кој учествуваше и Путин. Два дена пред авионската несреќа Пригожин објави видое во кое тврди дека со борците е во Африка. И претседателот Путин во четвртокот, изразувајќи му сочувство на неговото семејство рече дека шефот на „Вагнер“, според неговите сознанија“, во понеделникот од Африка се вратил во Русија.