Групна тепачка се случила вчера вечерта на улица „Раданки пат“ во Штип.
По претходна расправија настанала тепачка помеѓу Д.С. (35), Д. Ј. (26), Ј. Б. (45) и Ј.Л. (38), сите од Штип, од една страна и Н.И. (41), Н.И. (23), Н. Џ. (31) и у
ште неколку лица од друга страна, сите од Штип. Во тепачката од страна на Н.И., Н.И. и Н.Џ. се користени разни предмети (дрво, секира и сл.) и гасен пиштол, при што со телесни повреди се здобиле Д.С., Ј.Л., Ј.Б. и Д.Ј. На истите им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Штип. Џ.Н. и Н.И. се приведени и се задржани во ПС за понатамошна постапка.
Полиијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.