Во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје во недела ќе биде одржано групно венчавање на православни верници кои од разни причини не се венчани во црква, а се во граѓански брак.
Сите верници кои имаат желба, а досега немале можност да се венчаат во црква, можат да се пријават во самиот храм кај парохиските свештеници или на телефонскиот број 02 3227-165.
Сите брачни двојки кои ќе се венчаат ќе добијат осветена икона од Пресвета Богородица, а за највозрасниот брачен пар ќе има посебен подарок, информираат од Скопската епархија на МПЦ-ОА.