Грузија гневна го „врати својот амбасадор во Киев на консултации“ затоа што нејзиниот поранешен претседател Михаил Саакашвили стана советник на претседателот на Украина, каде живее во егзил и има државјанство од оваа земја.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го назначи Саакашвили за шеф на Извршниот одбор на Националниот совет за реформи.
Иако потврди дека тоа ја разгневило Грузија, нејзиниот министер за надворешни работи Дејвид Залкалијани денеска изјави дека „ние не размислуваме за прекинување на дипломатските односи, ниту за ревизија на нашето стратешко партнерство“.
Министерот потсети дека е распишана потерница по Саакашвили затоа што тој од грузиски суд во 2018 година беше осуден за злоупотреба на службената положба во перидот од 2004- 2013 година, кога беше шеф на државата.
Украинскиот претседател Зеленски денеска изјави дека неговата земја нема да се одмаздува против овој потег на Грузија.