Гуарин истовремено голема желба и на Челзи и на Атлетико (М)

Лондонскиот премиерлигаш Челзи доби сериозна конкуренција во шпанскиот пволигаш Атлетико (М), кога е во прашање потписот на колумбискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Фреди Гуарин.

Според последните информации кои пристигнуваат од Милано, новиот сопственик на „нероазурите”, Ерик Тохир и понатаму останува на ставот дека 27-годишниот крилен напаѓач мора да биде продаден за време на зимскиот преоден рок, но заинтересираниот клуб пак мора да испрати официјална понуда за неговите услуги не помала од 17 милиони евра.

И покрај големата желба на колумбискиот интернационалец да остане на „Џузепе Меаца”, далеку е поверојатна опцијата дека ќе биде продаден за време на зимскиот преоден рок, а во овој момент, во минимална предност кога е во прашање неговиот потпис е лондонскиот премиерлигаш Челзи.