Ако им се верува на италијанските и на англиските медиуми, тогаш колумбискиот интернационалец од редовите на Интер, Фреди Гуарин, на стартот од зимскиот преоден рок ќе биде преставен како најнова милионска аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Челзи.
Спортските медиуми информираат дека преговорите околу 27-годишниот играч за врска се во завршна фаза, а најавениот трансфер ќе биде реализиран кога двете страни ќе постигнат договор околу побараното обештетување од 15 мил. евра.