„Гудмарк Груп“ донираше боја за обнова на огради на штипска градинка

Во детската градинка „Вера Циривири-Трена“, во штипско Ново село, денеска вработени и родители на децата учествуваа во акција за обновување на детските реквизити и оградите на дворот, а боите за фарбање ги донираше компанијата  „Гудмарк Груп“.

Освен за овој објект, компанијата ќе донира боја за сите четири клонови на градинката.

Нашата компанија со своите партнери ја продолжува традицијата со донирање на нашите добро познати производи Zorka Color и Tikkurila. Со оваа донација имаме за цел да ја обновиме заштитната оградана сите четири клонови на детската градинка „Вера Циривири Трена“, а со тоа и да го разубавиме секојдневниот простор на дечињата кои престојуваат во нив. Благодарност до Установата што достави барање до нас да излеземе во пресрет, а со тоа и уште еднаш да го оправдаме епитетот на општествено одговорна компанија  која има потполно разбирање за потребите на нашето општество, изјави Надe Гроздановска, од компанијата „Гудмарк Груп“.

Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“-Штип, Софка Атанасова рече дека во текот на летото со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се обноват садниците, клупите и корпите за отпадоци во дворовите на објектите, а со финаниска помош на ТИКА ќе се изврши и реконструкција на објектот „Развигорче“ во населбата Автокоманда.