Интернет компанијата „Гугл“ го претстави своето ново лого осмислено за подобро да одговори на потребите на различните мобилни апарати, а не само на десктоп компјутерите.
„Гугл“ ги поедностави буквите што го сочинуваат познатото шарено лого кое го испишуваат неговото име.
Промената е најавена бидејќи „Гугл“ ги стави своите различни филијали под една компанија нарачена „Алфабет“ .
Изменетиот дизајн ги задржа истите бои – сино, црвено, жолто и зелено кои „Гугл“ ги користи низ својата речиси 17-годишна историја, иако нијанските се малку поинакви. Се користи едноставен фонт кои „Гугл“ ги осмислил, а треба да личи на едноставно печатење какво што се користи за книгите за основните училишта. Исто така, ќе се промени изгледот на буквата „Г“ која „Гугл“ ја користи како скратено лого на помалите екрани и паметните телефони и на другите мобилни апарати.
Буквата „Г“ сега ќе биде голема и во боја наместо поранешната мала буква во бело. „Гугл“ последниот пат го измени своето лого во 2013 година. Оваа компанија промената ја најави на својот официјален блог, а тоа е пропратено со илустрации, односно со серии од анимации. Оценето е дека изменетото лого е „едноставно, ненатрупано, шарено и пријателско“ и дека го претставува најдоброто од „Гугл“.
Неодамна „Гугл“ најави реорганизација на компанијата под ново име.
Основачите на „Гугл“ Лари Пејџ и Сергеј Брин најавија големи промени, а новиот директор на „Гугл“ ќе биде Сундар Пиачи.
„Гугл“ на почетоците функционираше само како интернет пребарувач, но кратко потоа почна да се шири и во други семгменти од интернет просторот, но и во економијата. Денес „Гугл“ работи на проекти во делот на развојот на автомобилите, успорување на стареењето, унапредување на пристапот до интернет.
Пејџ и Брин тврдат дека гранките на компанијата станале премногу разнолики за една фирма. Различните технологии имат потреба од разнички лидери на сектор. Затоа „Гугл“ ќе стане само еден дел од компанијата Алфабет која ќе ги надгледува наскоро независните фирми „Гугл“, „Гмаил“, „ЈуТјуб“ и други.