Гугл работи на нова опција наменета за Гугл мапс која ќе ја подобри безбедноста на корисниците.
Станува збор за функција која ќе го нагласи доброто осветлување на улиците кога корисникот ќе се движи пеш. Оваа функција е откриена во кодот на бета верзијата на Google Maps што значи дека наскоро ќе им биде достапна на корисниците.
Google Maps ќе ги нагласи добро осветлените улици со жолта боја па корисниците ќе можат да ги избегнуваат послабо осветлените улици.
Ова е мал чекор за Гугл мапс, но многумина веруваат дека значително ќе ја унапреди безбедноста на корисниците.
Засега не е познато кога оваа функција ќе им биде достапна на корисниците, ниту пак се знае како Гугл ќе ги добива податоците за осветлувањето на одредени улици и колку редовно ќе ги апдејтира.