Гугл го одбележи сензационалното откритие за Марс

Сензационалното откритие за Марс не пропушти да го одбележи ниту Гугл, кој денес го посвети новиот „дудл“ токму на оваа вест.

Марс така се најде во зборот Гугл, како втората од двете букви „о“,  а прикажан е со чаша вода и сламка во раката, како задоволно се смешка.

Да се потсетиме НАСА вчера ја „разби“ мистеријата на Марс, откривајќи дека се пронајдени докази за постоењето вода на Црвената планета, па сосема нормално оваа вест мораше да биде обележана и од Гугл, кој сите поважни датуми и големи настани редовно ги обележува со „дудл“.