Сервисот за пребарување содржини „Гугл“ упати извинувње поради тоа што во листата фотографии на десетте најпознати криминалци , во пребарувачот на фотографии на прво место се наоѓаше индискиот премиер Нарендра Моди, заедно со Осама Бин Ладен и Ал Капоне.
Кога се употребува сервисот за пребарување фотографии, фотографијата на Моди се појавува прва, а потоа следат содржини за најпознатите и озлогласени, терористи, гангстери, сериски убијци и диктатори.
Покрај фотографиите на Бин Ладен и Капоне, на листата на десетте најпознати криминалци се босот на мексиканскиот картел Ел Чапо Гузман, лидерот на герилците од Уганда Џосеф Кони и други.
Покрај фотографијата на Моди, на листата се најдоа и Џорџ Буш, Бил Гејтс и Џастин Бибер.