Компанијата Гугл ја започна својата одбрана од конзорциумот Рокстар кој го сочинуваат Мајкрософт и Епл со тврдење дека Андроид не ги крши патентите.Имено, Рокстар тврди дека оперативниот систем Андроид крши неколку патенти за кои ги имаат правата, а освен Гугл во тужбата се и седум компании партнери, вклучувајќи ги Самсунг и ХТЦ.
Гугл сега тврди дека Андроид не крши ниту еден од патентите кои се предмет на обвинение, а од судот бараат потвдра на ова тврдење. Освен тоа имаат забелешки и за целта на постоење на овој конзорциум.Bелат дека Рокстар има тим на инжинери кои истражуваат успешни производи на пазарот и можности кои би можеле да ги припишат на своите патенти.
Рокстар во 2011 година ги купи патентите Нортел за 4,5 милијарда долари. Во наддавањето во купувањето учествуваше и Гугл, но потоа се откажаа и дополнително ги купија Моторола и Мобилити.