Ѓукановиќ е подготвен на дијалог со опозицијата без условување

Црногорскиот премиер и лидер на ДПС, Мило Ѓукановиќ изјави дека е подготвен за продолжување на дијалогот со опозицијата, но без условување.

Тој оцени дека за неуспехот на досегашните преговори единствено виновен е претседателот на Парламентот и лидерот на СДП, Ранко Кривокапиќ.

Ѓукановиќ истакна дека нема ниту еден услов за продолжување на дијалогот и порача дека Кривокапиќ додека е претседател на Собранието има место во парламентарниот дијалог.

Црногорскиот премиер потсети дека и понудил на опозицијата да влезе во Владата, иако таа ја добила довербата во Парламентот.

– Ваквата понуда не е израз на политичка слабост, туку обид да се отстрани една од клучните препреки за одржување фер избори. Сепак преговорите завршија неуспешно и тоа пред се благодарејќи на улогата на досегашниот претседател на Парламентот. Преговорите ги обележи себичноста на Кривокапиќ. ДПС е подготвена за дијалог, но бе узловување, инаку за што би разговарале доколку веднаш ги прифатам сите барања на опозицијата, нагласи Ѓукановиќ.