Гулен поднесе жалба за клевета против Ердоган

Муслиманскиот проповедник Фетхулах Гулен поднесе жалба за клевета против турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој го обвинува за обид за државен удар, пренесе „АФП“ повикувајќи се на турскиот весник „Заман“.

Гулен бара околу 33 илјади евра од Ердоган како надомест за штета и загуба поради навредите и оцрнување кои тој ги трпи од премиерот, пишува весникот.

Од средината на декември турскиот премиер го обвинува братството на Гулен за заговор со цел дестабилизација на власта пред општинските избори на 30 март и претседателските избори во август.