Репрезентативецот на Германија и стандарден првотимец во дресот на Борусија од Дортмунд, Илкаи Гундоган потврди се уште нема донесено конечна одлука околу тоа дали да потпише нов договор или да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.
“Се уште не сум одлучил, не сум донел конечна одлука. Сепак, прво ќе разговарам со раководните лица на Борусија од Дортмунд. Мислм дека во најбрз можен рок ќе одлучам дали да останам во Германија или мојата кариера ќе ја продолжам надвор од Германија. Моментално, сите опции се во игра. Немам некаков ултиматум од челниците на Борусија. Сега сум фокусиран само на рехабилитацијата од последната повреда. Сакам што е можно побрзо да се вратам на фудбалскиот терен и во посакуваната форма”, изјави Гундоган.
Шпанскиот гигант Реал (М) моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на 23-годишниот играч за врска, а во последните неколку дена актуелна е и приказната дека понуда за неговите услуги подготвуваат и раководните лица на Манчестер Јунајтед.