Гурпеги убеден дека не е виновен за црвениот картон на Роналдо

Стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетик (Б), Карлос Гурпеги и понатаму останува на ставот дека не е ни најмалку виновен за директниот црвен картон кој го заработи најголемата ѕвезда во дресот на Реал (М), Кристијано Роналдо.

Кристијано побара фаул, а јас му кажав дека нема никаков фаул. Го бутнав, а тој ме удри по лице. Да, почуствував болка. Паднав на зелениот терен, но не намерно. Не сакав да исценирам некаков потежок прекршок, не сакав судијата да му покаже црвен картон. Можев да легнам на зелениот терен и да глумам тешка повреда. Јас немам 22 години, не сум тој фудбалер кој во 2003 година беше суспендиран поради користење на недозволиви средства. Сега имам фамилија, имам ќерка и не се чуствувам убаво кога ме обвинуваат за се и сешто”, изјави Гурпеги.