Гутереш бара да стивне оружјето во Појасот Газа за време на Рамазан

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повика во понеделникот на прекин на огнот во Појасот Газа и на ослободување на заложниците за да се почитува духот на Рамазан, светиот мислимански месец на постот кој штотуку започна.

„Денеска е почетокот на светиот месец Рамазан, период кога муслиманите ширум светот ги слават и шират вредностите на мирот, помирувањето и солидарноста. Но, дури и на почетокот на Рамазан во Појасот Газа, луѓето сè уште се убивани, бомбардирањата и крвопролевањета продолжуваат“, изјави Гутереш за новинарите.

„Денеска упатувам жесток апел да го почитуваме духот на Рамазан, така што пушките ќе замолчат и да се елиминираат сите пречки за испорака на витална хуманитарна помош со темпото и обемот што е потребно“, додаде челникот на светската организација.

„Истовремено, во духот на рамазанското сочувство, повикувам на итно ослободување на сите заложници“, додаде Гутереш

Во Појасот Газа, според Израел, сè уште има 130 заложници, од кои 31 се верува дека се мртви, од околу 250 киднапирани во нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 1.160 луѓе, од кои 318 припадници на безбедносните формации а другите цивилина различна возраст и пол, според податоците на AFP врз основа на официјалниот израелски извори.

„Очите на светот нè набљудуваат. Историјата нѐ гледа. Не можеме да го вртиме погледот“, рече Гутереш.

Во израелската офанзива во Појасот Газа загинаа 31.112 луѓе, главно цивили а речиси две третини се деца и жени, соопшти Министерството за здравство на Хамас, а нивните податоци се совпаѓаат со податоците на претставниците на меѓународните и невладините хуманитарни организации.

Гутереш, исто така, изрази загриженост за многу веројатната најавен израелска копнена офанзива врз градот Рафах, која „ќе го турне населението на Газа уште подлабоко во пеколот“.

Во Рафах, на самиот југ на тесната крајбрежна енклава со вкупно 2.4 милиони жители на границата со Египет кој пред војната имаше околу 300.000 жители, во моментов се засолнати 1,5 милиони луѓе коишто останаа без своите домови во разорната израелска офанзива во северните и централните области на Појасот Газа.

Гутереш го повтори повикот за прекин на огнот во Судан по повод Рамазан.