
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април.
Гутереш го даде предлогот во седиштето на ОН велејќи дека прекинот на огнот ќе овозможи евакуација на цивилите од областа на сегашна или очекувана конфронтација и испорака на хуманитарна помош во области, како што се Мариупол, Донецк, Луганск и Херсон.
Тој посочи дека ОН се подготвени во тој период да испратат конвои со хуманитарна помош на тие локации.
„Четиридневниот велигденски период треба да биде момент за обединување за спасување животи и натамошен дијалог за да се стави крај на страдањата во Украина“, рече Гутереш.