Гутереш: Во моментов невозможни се преговори за мир во Украина

Генералниот секретар на Обединетите нации оцени во вторникот во разговор за шпанскиот дневен весник El Pais, дека во овој момент не се возможни мировни преговори за ставање крај на војната во Украина.

„За жал, мислам дека во моментов не се возможни мировни преговори… не гледам никаква возможност седа да се постигне глобален прекин на огнот“, вели Гутереш во разговорот.

„Јасно е дека (двете) страни се потполно ангажирани во војната и се уверени дека можат да победат“, истакнува челникот на светската организација.

Сепак, Гутереш нагласува дека се надева оти во иднина ќе биде можно Русија и Украина да бидат седната на преговарачката маса.

Во февруари Кина предложи мировен план од 12 точки за украинската криза, повикувајќи ги двете страни да се согласат на постепена деескалација што ќе доведе до сеопфатен прекин на огнот. Меѓутоа колективниот Запад (САД и ЕУ) го отфрлија планот наводно поради одбивањето на Кина да ја осуди Русија, а САД и НАТО тогаш рекоа дека Кина размислува да испрати оружје во Русија, тврдењата што Пекинг ги негираше.

Во октомври минатата година, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша наредба од Советот за безбедност и одбрана, која забранува какви било разговори со Русија додека нејзиниот претседател Владимир Путин остане на функцијата. Високи украински функционери изјавија дека разговорите со Москва може да бидат можни само откако Киев ќе ја преземе контролата врз целата земја за која смета дека е под нејзин суверенитет, вклучувајќи го и Кримскиот Полуостров.

Москва соопшти дека била на работ да потпише примирје со Киев на почетокот на април 2022 година, откако беше постигнат пробив за време на разговорите со посредство на Турција во Истанбул. Меѓутоа, украинската влада направи пресврт, за кој Русија верува дека е резултат на мешањето на Западот, како што имаше написи и во украински и во западни медиуми.

САД го прогласија „стратешкиот пораз“ на Русија во Украина како своја политичка цел и ветија дека ќе му помогнат на Киев „колку што е потребно“ за да постигне воена победа. Москва вели дека Вашингтон и неговите сојузници водат прокси војна на сметка на украинскиот народ.

Русија денеска го одбележуваше Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна. Пред мноштвото цивили, политичари и војници на московскиот Црвен плоштад, претседателот Владимир Путин го обвини Западот дека преку Украина „ја оркестрира војната“ против Русија и оти нивната цела е да се „распарчи земјата“.