Гутереш: Затворањето на границите поради коронавирусот е неправедно и неефикасно

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, порача во седата дека затворањето на границите поради омикрон варијантата на коронавирусот е „длабоко неправедно, казнувачко и неефикасно“, нарекувајќи го тоа форма на апартхејд кон Африка.

„Со вирусот кој не познава граници, рестрикциите на патувањата коишто изолираат една земја или регион не се само длабоко неправедни и казнувачки, туки тие се и неефикаслни“, изјави Гутереш за новинарите додавајќи дека го смета „скандалозно“ осудувањето на Африка поради тоа што не е вакцинирана.

Споменувајќи ја Јужноафриканската Република којашто на 24-ти ноември ја пријави појавата на варијантата омокрон поради што многу земји во светот ги затворија границите за нејзините и граѓаните од соседните држави од југот на Африка, челникот на ОН оцени дека земјите не би смеело да бидат „колективно казнувани бидејќи индентификувале и споделиле клучни научни и еподемиолошки информации со светот“. Тоа е „неправедно“ и „неморално“, повтори Гутереш.

„Оттаму, упатувам силен апел, апел на разум. Имаме инструменти да патуваме безбедно. Да ги искористиме тие инструменти за да го избегнеме овој вид апартхејд кој го сметам за неприфатлив“, истакна Гутереш.

Африканскиот континент не располага со доволно вакцини за своето население, ги нема неопходните финансиски ресурси за закрепнување на еклономијата, ги трепи најтешките последици од климатски промени иако за тоа не придонела, а ги нема ниту потребните ресурси за создавање на отпорност на својата популација, наброја шефот на ОН.

Придружувајќи го, претседателот на Комисијата на Африканската унија, Муса Факи Махамат, исто така, го осуди стигматизирањето и истакна дека „помалку од 6 отсто од жителите на Африка се вакцинирани“, барајќи меѓународна солидарност.

„Ги повикувам владите попрво да размислата за тестови за патниците, како и за други соодветни и навистина ефикасни мерки“, додаде Гутереш нарекувајќи тоа единствениот начин да се намали ризикот од преноста а да се овозможат патувањата.

Новата варијанта на коронавирусот наречена омикрон веќе е идентификувана на сите континенти, но се чини дека Европа во моментов е најпогодената и започна, како и други земји во светото, да ги заострува мерките и да воведува строги контроли на границите и забранувајќи го доаѓањето на патниците од осум африкански јужни земји.