Во Македонија има но и понатаму се очекува одреден степен на инфлација, вели гувернерката на Народна банка на Македонија, Анита Ангеловска Бежовска.
Но според нејзините очекувања, таа нема да биде изразена во голем процент. Таа ова го истакна во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија каде што, избегнувајќи да изнесува конкретни бројки, запрашана за очекувањата заклучно податоците за цените на прехранбените производи и на енергенсите во март, Бежовска вели:
„Тука би се воздржала од поконкретни квантификации бидејќи само што започна целиот циклус на макроекономски проекции. Треба да се финализира до крај на април и на почетокот на мај да излеземе со нови бројки. Сега засега сите бројки упатуваат на нагорно поместување, но не е тоа некое исклучително повисоко ниво на инфлација“, рече гувернерката Бежовска.