Седумдесетгодишниот Дарио Вивас, гувернер на венецуеласката престолнина Каракас и близок соработник на претседателот Николас Мадуро, умрел во четвртокот од последици на зараза со новиот коронавирус, соопштија властите.
Вивас, кој беше висок функционер на владејачката социјалистичка партија на Венецуела, на 19-ти јули на Twitter објави дека е позитивен на коронавирусот и дека оди во самоизолација.
„Умре во битка… грижејќи се за своето и здравјето на сите нас во оваа тешка борба против пандемијата на Covid-19“, напишта на Twitter потпретседателката Делси Родригез.
Вивас е првиот високопозициониран функционер на венецуелските власти кој ѝ подлегна на болеста којашто ја предизвикува новиот сој коронавирус SARS-CoV-3, иако неколку од нив на тестирања беа позитивни на вирусот. Министерот за нафта Тарек ал-Аисами во средата соопшти дека закрепнал еден месец откако се заразил, додека потпретседателот на социјалистичката партија, Диосдадо Канељо сѐ уште се лекува.
Веенцуела извести дека до средата вкупно регистриала 29.088 случаи на Covid-19, со 247 смртни исходи. Двата показатела се меѓу најниските на јужноамериканскиот контитент, но опозициските политичари предупредуваат дека поради доцнењето со спроведувањето на тестирањата, вистинскиот број на заразените веројатно е многу поголем.
Вивас, исто така, беше член на Националниот уставен совет, владиното законодавно тело кое беше формирано во 2017 година, откако опозицијата претходната година ја презема контролата врз парламентот, како и организационене секретар за мобилизација на социјалистичката партија,