Гувернерот на Тексас, Грег Абот, продолжи да гради одбранбена ограда на границата меѓу Тексас и Мексико поради судирите со администрацијата на претседателот Џо Бајден околу ова прашање.
Во неделата, Абот го сподели видеото на платформата X, порано Твитер, со коментар:
„Тексас влезе во историјата како прва и единствена држава која изгради сопствен граничен ѕид. Изградбата е во тек. Нема да се откажеме од нашите напори за обезбедување на границата“.
Texas made history as the first and ONLY state to build our own border wall.
Construction is ongoing.
We will not back down from our efforts to secure the border. pic.twitter.com/ARi1aXuhay
— Greg Abbott (@GregAbbott_TX) February 3, 2024
Гувернерот на Тексас тврди дека државата има право да се заштити од, како што ја нарече, „инвазија“ на границата, иако Врховниот суд пресуди дека федералните агенти можат да ја исечат жилетната жица по должината на реката Рио Гранде. Ова, сепак, не се случи во клучната област на паркот Шелби во Игл Пас, каде Националната гарда на Тексас одби да дозволи влез на агенти.
Администрацијата на Бајден вели дека жицата ги спречува граничните агенти да пристапат до клучните области.