Гужва на ГП Богородица, за влез во Грција се чека и по еден час

Продолжениот викенд голем дел од граѓаните од земјава ќе го искористат да прошетаат надвор од земјава. Утрово ГП Богородица преплавен од автомобили. Според информациите на терен се чека и повеќе од еден час, за влез кај нашиот јужен сосед.

Граничарите ги пропуштаат граѓаните во пет колони. Поминувањето оди бавно, а редицата на моменти е километарска.

Според АМСМ, ова е единствениот граничен премин каде е забележана гужва од утринава. На Табановце, Пелинце, Дојран, Меџитлија, Дебе Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Блаце – времето на чекање е минимално.