
Гужва на патиштата. Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.