![vlazni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/vlazni.jpg?resize=577%2C363&ssl=1)
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Како што информираат од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Одрони на дел од патните правци
![Одрони на дел од патните правци](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/odroni.jpg?resize=640%2C353)
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози, АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Затворена делницата Свети Николе – Кадрифаково, од Велес до Скопје по една лента
Поради градежни работи целосно е затворен патот Свети Николе – Кадрифаково. До целосно завршување на активностите (период од 2 години) делницата целосно ќе биде затворена, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
![Од Велес до Скопје по една лента](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/katlanovo_most.jpg?resize=640%2C356)
Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.