Прославениот каталонски поранешне фудбалер и сега тренер Жозеп Пеп Гвардиола, кој пред три месеа со Манчестер Сити стана европски шампион, ја повија во неделата Шведска да не го блокира усвојувањето на каталонскиот јазик како еден од официјалните јазици во Европската унија.
Шпанија побара јазиците на нејзините автономни покраини Каталонија, Баскија и Галиција да стана официјални јазици во ЕУ, за што во вторникот ќе дискутираат министрите за надворешни работи.
Шведска јавно изрази воздржаност кон оваа иницијатива сметајќи дека преведувањето на сите документи на каталонски, баскиски и галициски јазик би ги зголемило трошоците и ќе ги направи целиот систем уште покомплексен
Гвардиола објави видео во коешто му се обраќа на шведскиот премиер Улф Кристерсон.
„Нашиот јазик и милениумски, со него зборуваат 10 милиони луѓе, и тој е дел од европското културно наследство на коешто сите сме горди. Барам од Шведска да го признае каталонскиот, мојот јазик, како еден од службените јазици во ЕУ“, вели 52-годишниот Гвардиола.
За некој јазик да стане официјален јазик во ЕУ траба да се согласат сите 27 држави од блокот. Во ЕУ моментално има 24 службени јазици, а како последен во 2013 година беше вброен хрватскиот кога Хрватска стана членка на Унијата.
Документите на ЕУ се преведуваат на сите официјални јазици, а пратеници во Европскиот парламент вообичаено во текот на седниците се обраќаат на своите мајчини јазици, додека истовремено ги преведуваат слуќбени преведувачи.
Шпанската левичарска влада на заминување по последните парламентарни избори му упати на Брисел барање поради инсистирањето на сепаратистичките партии од Каталонија, Баскија и Галиција. Владата на премиерот Педро Санчесз зависи од гласовите на овие партии пред претстојното гласање во парламентот на Мадрид за формирање на новата шпанска влада.
Каталонскиот, баскискиот и галицискиот јазик се службени јазици во Шпанија, заедно со најраспространетиот шпански јазик (катиљскиот), и се користи во тие покраина и уште во некои делови на државата