
Репрезентативецот на Германија во Реал Мадрид е од 2014-та година, кога дојде од Баерн Минхен за 30 милиони евра, додека „Граѓаните“ се подготвени да понудат 45 милиони.
Искусниот фудбалер на светскиот шампион е меѓу надобрите во редовите на Реал Мадрид, претходната сезона на 44 натпревари постигна еден погодок.
Крос е меѓу најзначајните фудбалери во репрезентацијата на Германија, со која што во 2014-та година го освои насловот од Мундијалот во Бразил.
Гвардиола веќе и доведе фудбалер од средниот ред од Бундеслигата, Илкај Гиндоан од Борусија Дортмунд.