Заменик капитенот на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез, откри дека трофејниот шпански стручњак, Пеп Гвардиола, е најголемиот виновник за попаднатиот негов трансфер во редовите на германскиот бундеслигаш Баерн (М).
„Тоа се случи во 2008 година. Ситуацијата беше и повеќе од сериозна. Можам да признаам дека имав и состанок со тогашниот тренер на Баерн (М). Сепак, во последниот момент, Гвардиола ве викан на страна и ми кажа дека нема да ми дозволи да си заминам од “Ноу Камп”. Ми го откри неговиот план, ми кажа дека сака да создаде тактика, игра и дека истата ќе биде градена околу мене и околку неколку мои соиграчи и поради таа причина нема да ми дозволи да си заминам од редовите на Барселона.За среќа, донесов вистинска одлука и сега сакам да се пензионирам како фудбалер на Барселона”, изјави репрезентативецот на Шпанија.