Одигравме одлично второ полувреме, но заборавивме тоа да го направиме и во првите 45 минути, а во Лигата на шампионите тешко се стигнува далеку со добра игра само во еден период. Се покажа дека не е доволно тоа што го направивме во вториот дел. Понекогаш потребно е да си посебен и среќен, а ние тоа не бевме. Нашиот тим е и без доволно искуство во ова натпреварување, изјави шпанскиот стучњак.
Монако во реванш осминафиналето од ЛШ го победи Манчестер Сити со 3:1 и оди понатаму и покрај вкупните 6:6, поради повеќе постигнати голови на гостински терен (3:5 за Сити на првиот дуел).