Гвидолин незаинтересиран за менаџерската функција во Норвич

Тренерот на италијанскиот калчолигаш Удинезе, Франческо Гвидолин, експресно ја демантираше последната пласирана шпекулација дека во следните неколку дена ќе биде преставен како нов менаџер на англискиот премиерлигаш Норвич.

“Станува збор за новинарска шпекулација. Во овој момент, не е убаво да се пласираат такви шпекулации. Јас сум целосно фокусиран на следниот првенствен натпревар и не сакам да се замарам со нешто друго. Се надевам дека во новата година ќе имаме одличен старт во националниот шампионат. Се надевам дека со убава игра ќе освоиме што е можно повеќе бодови во пролетниот дел од актуелната сезона во италијанската Серија А”, изјави Гвидолин.