Властите во Гвинеја презедоа бројни мерки за спречување на ширењето на еболата надвор од границите на Гвинеја, јавува Конзулатот на Република Гвинеја во Македонија.
„Во текот на изминатите месеци Република Гвинеја презема низа мерки и законски одредби на аеродромот во Конакри сѐ со цел да го спречи ширењето на најголемата епидемија на смртоносниот вирус – ебола.На аеродромот сите патници задолжително пополнуваат фомулар за изјава за здравствената состојба, а медицинскиот персонал е должен да изврши контрола на температурата на секој патник поединечно. Процесуирањето на патниците се врши преку комплетно пополнети, потпишани и печатирани формулари, додека забраната за спроведување стапува на сила кај патниците на кои им е измерена температура од 38⁰С или повеќе. Сомнителните случаи се насочуваат во една од двете зони за безбедна изолација кои исто така согласно законските одредби се задолжителни на аеродромот во Конакри,“ велат од Конзулатот.
Доколку постои сомнеж дека патникот е заразен од ебола се спроведуваат дополнителните одредби согласно Декларацијата на Националниот Ургентен Санитет.
Во тој случај патниците се подложни на втора контрола на температура пред полетувањето, по барање на компанијата. Премерената температура задолжително мора да биде евидентирана на авионскиот билет,а е регулирана од страна на здравствените работници.
Надлежните власти имаат формирано повеќе медицински тимови со различни задолженија за сеопфатна контрола и за спроведување на безбедносните мерки. Воведени се зони за изолација, а постојат и мобилни амбулантни екипи задолжени за итна евакуација и пренесување на сомнителните случаи во специјализиран болнички центар.
Персоналот на авионот мора да употребува заштитна опрема како што се: заштитна облека, ракавици, маска, итн.
Земајќи ја предвид специфичната природа на Конакри експрес, презентираните одредби е планиранода се прошират на терминалите, пристаништата и на железниците.
На аеродромот Конакри е инсталиран апарат за миење раце со хлорирана вода на влезот во зоната на поаѓање, поставени се термичка камера и термо флеш, а во халата за пристигнување одредено е место за санитарна контрола.
Во јуни и јули 2014 година, девет авиокомпании имаа редовни линии на аеродромот во Конакри. Одредбите коишто стапија на сила овозможија да се спречи полетување на 16 патници во јуни и 31 патник во јули 2014 г., што значи дека за два месеци на 47 патника им беше забрането да летаат од Конакри заради покачена температура.
И покрај одредбите и мерките што стапија на сила, компаниите EmiratesAirlines, Asky Airlines, Air Côte d’Ivoire и Sénégal Airlines ги откажаа летовите до и од Конакри.