Палтроу објавила фотографија на која што се гледа како стратешки позира во својата поранешна градина.
Во текот на викендот Гвинет Палтроу одлучила да го прослави својот 48-ми роденден на вообичаен начин, со објавување на гола фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа добила многубројни коментари, а под поставената фотографија напишала:
„Во ништо друго освен во моето роденденско одело денеска…“.
https://www.instagram.com/p/CFpqTpXDaKy/?utm_source=ig_embed
„Многу ви благодарам за роденденските желби и на коментарите на мојата фотографија“ – се заблагодарила таа.
Инаку, Кортни Кокс ѝ напишала: „Среќен роденден. Колку си убава и восхитуваш на толку многу начини“.