Шведската интернет продавница со носена облека „Sellpy“, во мнозинска сопственост на модниот гигант H&M, во понеделникот извести дека се отвора за пазарите во уште 20 европски земји, бидејќи се очекува дека побарувачката за користената гардераба и натаму ќе расте.
Овој стартап управува со целиот процес на продажбата, од преземањето на стоката од домовите на оние кои сакаат да ја продадат, до фотографирањето, продавањето и испораката. Сега оваа компанија број на пазарите се зголемува на 24 часа, откако ги започна своето делување во 2014 година во Шведска.
Од „Sellpy“ соопштија дека популарниот „секанд-хенд“ е еден од најбрзо растечките сегменти на пазарите во модната индустрија.
„Секој предмет од облека купен од претходниот сопственик ги штеди ресурсите за нашата планета. Побарувачката за нашите нови пазари брзо расте“, изјавил Густав Весман, менаџер задолжен за ширењето на работењето.
Имајќи предвид дека потрошувачите се сѐ посвесни за потеклото и одржливоста на своите облеки, модната индустрија се најде под лупата на јавноста поради „поттикнување на култирата на фрлање“.
Групацијата H&M, којашто очекува малку дополнителни приходи по неколкуте тешки годони, бележи забавена продажба во многу своите продавници. Својот прв удел во „Sellpy“ го купи во 2015 година. Вкупно H&M во „Sellpy“ вложи повеќе од 20 милиони евра и сека е 70-процентен сопственик на оваа компанија.
„Sellpy“ објави дека со H&M започнал соработка којашто ќе му овозможи пристап до неговите складиште во Полска, но и во услугите за дистрибуција, контролата на квалитетите на облеките и ракување со нарачките.
На почетокот од мај конкурентската литванска компанија „Vinted“ собра 250 милиони евра за натамошно ширење во Европа и во другите делови на светот и притоа вредноста на неговите активности е процената на 3,5 милијарди евра.
Од „Sellpy“ соопштија дека преку неговата платформа се продадени повеќе од девет милиони парчиња носена облека.