Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини смета дека најавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за блокирање на работата на македонското Собрание, користејќи ја Филибастеринг методологијата, е легитимна и на македонската јавност многу добро познато искуство, потсетувајќи дека во минатато токму сегашниот собраниски спикер, е едн од пратениците на ДУИ кои успешно ја користеле оваа методологија.
Тој во „Дебатна емисија“ на телевизија Шења истакна дека, ДУИ кои се се противат и остро реагираат на најавите на ВМРО-ДПМНЕ за користење на Филибастеринг, се наоѓаат во многу инетерсна ситуација, затоа што опозицијата ќе применува методи кои тие некогаш ги користеле.
„Филибастерин е искуство што многу добро го знаеме. Овие се во многу интересна ситуација. Сега опозицијата ќе применува методи кои што самата таа ги користела некогаш. Сега не очекуваат ситуации до сега непознати во македонскиот Парламент“, рече Хајредини.
Тој посочи дека ако продолжи нефункционирањето на Собранието, затоа што меѓу другото, ниеден закон за кој е потребно двотретинско мнозинство не можат да го изгласат, и ако се прогласат предвремени парламентарни избори, според сите проценки ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.
Оцени дека не само што ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, туку прашање и колку ќе загуби СДСМ, додавајќи дека на владеачката партија и претстои уште подлабок пораз од тој на локалните избори.
„Тој е сигурен и тоа е точно, ако се прогласат предвремени парламентарни избори, поради евентуалното нефункционирање на Собранието, ВМРО според сите проценки ќе ги добие изборите. И не само што за добивање ќе ги добие, туку не се знае колку ќе загуби СДСМ и не само поради што се случи на локалните избори, туку поразот ќе биде уште подлабок, затоа што многу настани во Македонија за кои секојдневно сме сведоци одат на штета на СДСМ. А, за ова придонесува и однесувањето на ДУИ и фактот што тие се заложници“, истакна Хајредини.