
Премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби не успеаја да се координираат околу тоа дали скандалозниот договор кој нивната Влада го потпиша со „Бехтел и Енка“ е државна тајна или не, но и двајцата знаат едно – македонската јавност не смее да го види.
За ова коментира и поранешниот министер Џевдет Хајредини, кој вели дека „секогаш договорите на крадците биле тајни“.
„Груби: Договорот е државна тајна! Тоа не е ништо чудно“. Не може и не треба да биде државна тајна нешто што го знае некој како Груби, вели тој.