Хааланд веројатно го одбрал Јувентус

Младиот 19-годишен напаѓач Салцбург, Ерлинг Браут Хааланд го избрал трансферот во Јувентус оваа зима, тврди италијанскиот спортски весник Tuttosport.

Норвешкиот фудбалер речиси сигурно во зимскиот преоден рок во јануари ќе се пресели во Торини, а го избрал Јувентус пред понудите од Манчестер Јунајтед, РБ Лајпциг, Борусија Дортмунд и Милан.

Хааланд оваа сезона игра во одлична форма, постигна дури 28 погодоци на 22 мечеви во сите натпреварувања. Од нив осум постигна во Лигата на шампионите во мрежите на Ливепрул, Наполи и Генк.

Според италијанските медиуми, отштетата за Хааланд изнесува 30 милиони евра.